Top Sport

Невиден сеир! Швајцарците пратија 9.3 кг чоколадо за Северна Ирска за ремито со Италија

Швајцарската фудбалска федерација го исполни ветувањето и прати 9.3 килограми швајцарско чоколадо преку селекторот Мурат Јакин како благодарност што им помогнаа да се квалификуваат на Мундијалот со тоа што ја заддржаа Италија на 0:0 во одлучувачкиот меч.

Италијанците мораа да победат во Белфаст, со одредена гол-разлика за да завршат пред Швајцарија во групата, но успеаја да одиграат само 0:0, додека Швајцарците со 4:0 ја здробија Бугарија.

Швајцарскиот селектор Јакин го исполни ветувањето со праќање на 9.3 килограми чоколадо – 100 грама за секоја минута од мечот.

Scroll to Top