Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Гери Невил открива дека имал „целосен напад“ во обид да го убеди Стивен Џерард да премине од Ливерпул додека двајцата играле за англиската репрезентација, но дека добил јасен одговор.
Невил за „Скај спортс“ вели дека неколку пати се обидувал да убеди дел од репрезентативците да дојдат во Јунајтед.
„Имаше два-три пати кога се случи тоа. Зборував со Алан Ширер на Еуро 1996, иако тогаш бев јуниор и не можев да го убедувам. Дефинитивно зборував со Вејн Руни, и тоа заврши како што заврши. Со Стивен Џерард, беше целосен напад. Да, бидеме фер, одговорот на Стиви беше: ‘Моето семејство и јас никогаш нема да можеме да се вратиме во Ливерпул повторно’. Тоа беше краток разговор. Тој беше многу лојален кон Ливерпул. Џон Тери го убедуваше да оди во Челси 10 минути, но јас добив одговор за 30 секунди“, објаснува Невил.