Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, има уште една опција повеќе за да ја продолжи кариерата во англиската Премиерлига. Њукасл сака да го ангажира 29-годишниот Аргентинец, кој исто така е трансферна цел и на Манчестер Јунајтед.
Договорот на напаѓачот со Рома е до летото 2025 година, но во него има мала откупна клаузула.
Аргентинецот, кој е поранешен играч на Палермо и на Јувентус, оваа сезона има 16 настапи во Серија А, а постигна осум гола и забележа шест асистенции.