Top Sport

Нова трагедија на СП во Катар, почина навивач на Велс

Нова трагедија на Мундијалот. Навивач на Велс почина за време на Светското првенство во фудбал во Катар. 62-годишниот Кевин Дејвис бил примен во болницата Хамад во Доха, откако Велшаните загубија со 2:0 од Иран.

Сепак, тој не бил на стадионот, останал во изнајмениот стан бидејќи не се чувствувал добро, а најверојатната причина за неговата смрт е срцев удар.

„Кевин Дејвис беше дел од Црвениот ѕид и сите сме уништени од веста за неговата смрт. Испраќаме сочувство до неговото семејство. Сите сме како едно големо семејство и сега изгубивме еден од нашите членови”, изјави Пол Кокри, претставник на Фудбалското здружение на поддржувачи на Велс.

Ова е втор смртен случај во Катар поврзан со СП 2022. Пред два дена во својата хотелска соба почина 65-годишниот британски ТВ стручњак Роџер Пирс.

Навивачот бил во Катар со својот син и неговите пријатели. Фудбалската асоцијација на Велс ќе направи се што е можно да помогне да се донесат посмртните останки на Кевин Дејвис дома.

Scroll to Top