Top Sport

Новата сопруга на Гундоган демантира трансфер од Сити

Сара Бенамира, манекенката која е нова сопруга на Илкај Гундоган ги отфрли шпекулациите дека германскиот репрезентативец сака да си замине од Манчестер сити, откако се објавија вести дека тој е во Шпанија. Таа го објави бракот до Гундоган индиректно со својот демант.

Гундоган беше првото засилување на Сити во ерата на Пеп Гвардиола во јуни 2016, кога го донесе од Борусија Дортмунд и оттогаш 31-годишниот фудбалер стана клучен дел од неговиот тим, но тоа не ги намали шпекулациите дека клубот сак да го продаде.

Гундоган беше фотографиран на аеродромот во Манчестер како патува за Мадрид оваа недела, но Бенарима вели дека се работело за „приватна пауза“, а не за патување во Шпанија.

„Ние сме во брак и многу сме среќни. Сакавме да го заддржиме тоа приватно, но за жал по овие лажни вести за мојот сопруг, морав да ја кажам вистината. Никогаш не сум била во Мадрид. Приватни причини понекогаш значат приватни причини, а не фудбал“, напиша Бенарима на социјалните мрежи.

Scroll to Top