Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг се јави преку социјалните мрежи по вестите дека добил скршена вилица при нападот и грабежот на неговиот дом во неделата.
Габонецот призна дека бил нападнат во сопствениот дом додека бил заедно со неговата сопруга и децата, но прати порака дека ќе се врати многу бргу, откако е предмет на шпекулации за можен трансфер во Челси на последниот ден од преодниот рок.
„Момци благодарам за сите пораки кои ги добив. Во неделата навечер некои насилни кукавици влегоа во мојот дом со закана за моето семејство и моите деца, само за да украдат нешто. Ми ја повредија вилицата, но ќе се вратам многу бргу, а благодарам на Бога што никој не беше повреден. Тешко е да се разбере чувството дека не си безбеден во сопствениот дом, но како семејство ќе го надминеме ова и ќе бидеме уште посилни. Благодарам за целата поддршка, таа навистина ми значи многу“, напиша Обамејанг на социјалните мрежи.
— AUBA⚡️ (@Auba) August 31, 2022
Разбојниците му ја скршиле вилицата на Обамејанг – Под знак прашалник е неговиот трансфер во Челси