Мечот од Копа Аргентина меѓу Атлетико Атланта и Вилја Сан Карлос ни го донесе најлошо изведениот пенал, можеби во историјата на фудбалот, откако Гонзало Коронел прво имаше неверојатно долго залетување, за голманот Родриго Бенитез лесн ода му ја одбрани топката.
Мечот во регуларниот дел заврши со 0:0, а во тој момент беше 3:3 на пенали, откако сите претходни фудбалери ги постигнаа своите обиди. Сан Карлос на крајот стигна до победата со 4:3, а Коронел беше трагичарот на мечот.
No se puede creer. ¡Este penal no se puede creer! #CopaArgentinaEnTyCSports. pic.twitter.com/qYvP0D3IrY
— TyC Sports (@TyCSports) February 21, 2021