Top Sport

Панатинаикос поради коронавирус побара одложување на дербито со Олимпијакос

Грчкиот фудбалски гигант Панатинаикос испрати барање до челниците на грчкото првенство да се одложи утрешниот дерби натпревар против Олимпијакос. Во пресрет на последните две кола од шампионатот, „детелинките“ се соочуват со голем број заразени фудбалери со коронавирус.

Панатинаикос наведе дека има 14 заразени фудбалери, заедно со уште десет членови на клупскиот персонал и токму поради поднеле барање да се одложи натпреварот на сезоната.

Панатинаикос пред последните две кола го дели првото место со АЕК Атина, со по 77 бода.

Scroll to Top