Top Sport

Вулверхемптон има одлична понуда за Барселона, а го сака Ансу Фати

Вулверхемптон подготвува интересна понуда до Барселона за размена на играчи. Англискиот клуб е подготвен да понуди 30 милиони евра, плус Рубен Невеш, за крилниот напаѓач на Ансу Фати.

Не е тајна дека на „Камп Ноу“ сакаат да го ангажираат Рубен Невеш и таквата понуда секако би била доста примамлива. Поважното прашање е дали Ансу Фати би се согласил на ваков трансфер во тим далеку под нивото на Барселона.

Агентот на Ансу Фати, Жорге Мендеш, ја презеде задачата да ја оствари зделката. Тој се обидува да го убеди својот клиент дека е подобро да замине во премиерлигашот каде ќе игра редовно и ќе може да ја оживее кариерата, отколку да продолжи да ја грее клупата на „Камп Ноу“.

20-годишниот Фати пред четири години влезе во првиот тим на Барса, а уште тогаш се виде дека има огромен потенцијал и очекувањата од него беа огромни. Сепак, тешката повреда го запре неговиот развој и тој сѐ уште не може да се врати во најдобрата форма.

Scroll to Top