Top Sport

Пепе Реина ќе игра во Ла Лига и со 41 година

Голманот Пепе Реина, кој на крајот на август ќе наполни 41 година, го продолжи договорот со Вилјареал, соопштија од клубот. Тој за „жолтата подморница“ ќе настапува најмалку до летото 2024 година.

Пепе Реина му се приклучи на Вилјареал минатото лето и одигра 32 натпревари минатата сезона – 22 во Ла Лига, седум во Конференциската лига и три во Копа дел Реј. Така тој веќе има повеќе од 1.000 натпревари како професионален фудбалер.

Искусниот чувар на мрежата има вкупно 179 настапи за својот сегашен клуб во кариерата, но има играно и за Барселона, Ливерпул, Наполи, Баерн Минхен, Милан, Астон Вила и за Лацио.

Со репрезентацијата на Шпанија тој беше светски шампион во 2010 година и двократен европски шампион, во 2008 и во 2012 година.

Scroll to Top