Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси, по поразот од Бразил (2:0) истакна дека не е задоволен од играта на неговата селекција.
„Клучот е што го загубивме смисолот во второто полувреме, бевме, да не речам катастрофални. Изненадувачки, паднавме. Бразил е премногу добар тим за да не го искористи тоа. Онаму каде што сме најсилни, играта со додавања, тоа не беше на ниво. Првото полувреме беше коректно“, изјави Стојковиќ.
Посебно го боли тоа што Костиќ е повреден, како и тоа што Влаховиќ и Митровиќ не се доволно подготвени.
„Има некои работи со кои се соочуваме, а тоа се повреди на клучните играчи… Ги имаме Влаховиќ, Митровиќ, Костиќ, сите во навистина лошо време. Дојдовме овде во таква состојба и тоа е првата вистина. Без разлика на се, Бразил доминираше, заслужена победа“, изјави Пикси.