Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи мечот од квалификациите помеѓу Бразил и Аргентина да се одигра, на засега неутврдена локација и датум, откако во септември се случи вистинска фарса во Сао Пауло, кога се обидоа да уапсат четири аргентински фудбалери.
Мечот на 5 септември беше прекинат по само седум минути игра, откако бразилските здравствени лица заедно со полиција се обидоа да ги отстранат четирите фудбалери кои играат во Англија поради прекршување на правилата за КОВИД-19. Емилијано Буендија, Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро добија суспензија до два меча за овој прекршок.
Бразилската фудбалска конфедерација е казнета со 550.000 швајцарски франци за „прекршување на правилата за обезбедување“, додека Аргентинската фудбалска асоцијација доби казна од 250.000 швајцарски франци поради „непочитувањето на протоколот на ФИФА“.
Двете репрезентации се непоразени во квалификациите за Катар и веќе имаат обезбедено место на Мундијалот. Бразил се на првото место, четири поени пред Аргентина.