Top Sport

Почнува третото коло од Мундијалот, денеска разврска во групите А и Б

Веќе се навикнавме на целодневната мундијалска програма во 11, 14, 17 и во 20 часот, но и на тоа дојде крајот. Од денеска натпреварите од Светското првенство ќе се играат во два временски термини, од 16 и од 20 часот. Овој распоред ќе важи за третото коло во групната фаза.

Страртуваат натпреварите кои ќе одлучуваат за разврската по групите и пласман во елиминациската фаза, а секако дека ќе се играат во исто време и двата меча од истата група за да нема калкулации.

Денеска на програмата се решавачките дуели во групите А и Б, каде ниту една селекција се уште не изборила пласман во осминафиналето.

Од 16 часот се играат натпреварите во групата А, а се среќаваат Еквадор – Сенегал и Катар – Холандија. „Лалињата“ се лидери во групата со четири бода, Еквадор и Сенегал имаат по три, додека домаќинот Катар нема бодови и нема шанси за осминафинале.

Четири часа подоцна ќе следи разврска во групата Б, каде што се закажани натпреварите Англија – Велс и САД – Иран.

Пред последното коло Англичаните се први со четири бода, Иранците имаат три, Американците два, а Велс досега освои еден бод.

Scroll to Top