Фудбалерите на Аргентина шокантно се поразени на стартот од Светското првенство. Тие доживеаја пораз по повеќе од три години откако загубија од Саудиска Арабија со 1:2.
Аргентина на Скалони последниот пораз го претрпе во јули 2019 година, во полуфиналето на Копа Америка, од Бразил. Оттогаш, Аргентина имаше серија од 35 натпревари без пораз во сите натпреварувања.
Така, по Бразил, и по повеќе од три години, Саудиска Арабија е селекцијата која успеа да ја победи Аргентина, со фанатична борбеност и неверојатна игра во второто полувреме кога ги постигнаа двата гола.
Сега Аргентина „виси“, ако им се случи уште еден пораз во групната фаза, титулата светски првак сепак ќе остане само сон.