ПСЖ почна преговори со напаѓачот Маркус Турам, еден од најбараните слободни играчи во летниот преоден рок, објави „Л’Екип“. На францускиот фудбалер му истече договорот со Борусија Менхенгладбах, па тој е во потрага по нов клуб.
Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос го гледа Турам како класичен напаѓач кој совршено одговара за францускиот шампион. Тој додава дека почетокот на преговорите е позитивен и дека Турам навистина би можел да заврши во парискиот состав.
Турам сака да одвои малку време пред да донесе одлука, иако на своите блиски им кажал дека му се допаѓа проектот на ПСЖ, пишуваат француските медиуми.
Во јануари, Турам ги одби понудите од Челси, Атлетико Мадрид, Интер и неименуван германски клуб. Ѕвездата на ПСЖ и соиграч Килијан Мбапе се обидува да го убеди Турам да дојде во Париз.