Откако менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека Пол Погба е фудбалер на Манчестер јунајтед и не е во посед на неговиот контроверзен агент, Мино Рајола, тој реши да одговори со остар напад преку Инстаграм.
Солскјер одговараше на тврдењето на Рајола дека Погба би можел да се врати во Јувентус во текот на летото.
„Не сум зборувал со Мино, тоа е сигурно. И не, не му кажав на Пол да му каже на Мино што треба да зборува. Пол е наш фудбалер, а не на Мино“, изјави луто Норвежанецот.
Рајола преку Инстаграм ја продолжи војната на зборови, велејќи дека францускиот репрезентативец е сопствен човек.
„Пол не е мој, но сигурно не е посед на Солскјер. Пол е на Пол Погба. Не можеш да поседуваш човечко битие подолго време во Велика Британија и на друго место. Се надевам дека Солскјер не сака да каже дека Пол е негов затвореник. Пред да коментира за било што, треба да се информира за контекстот во кој се кажуваат работите. Јас сум слободен граѓанин кој може да ги кажува своите мисли. Досега мислам дека бев можеби предобар кон него. Солскјер треба да се потсети на работите кои тој ги кажа минатото лето на Пол. Солскјер можеби е фрустриран поради други работи и треба да се грижи за тие. Да бев на негово место, ќе правев така“, напиша Рајола.
„Погба не е играч на Рајола, тој е фудбалер на Манчестер Јунајтед“