Македонскиот прволигаш Ренова обелодени дека ја продолжува соработката со тренерот Ќатип Османи и за следната сезона. Раководството на клубот постигна договор тој и во наредната сезона да седи на клупата на „гипсарите“.
Договорот го продолжи и првиот асистент на Османи, Башким Ливорека.
Ренова во заврши првенството во Првата фудбалска лига на петтата позиција.