Унгарскиот селектор, Италијанецот Марко Роси се потсмеваше со ривалите од таканаречената „група на смртта“, Мануел Ноер, Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе, посочувајќи им дека ќе се видат на плажа по елиминацијата.
Франција, Германија и Португалија загубија во осминафиналето на ЕУРО 2020, откако претходно беа во групата Ф со Унгарија, коај и покрај ремијата со Французите и Германците испаднаа во групната фаза.
Со фотошопирана фотографија на Инстаграм на плажа, Роси порача: „Ќе се видиме на плажа“.
Шампионите од 2016, Португалија, први беа елиминирани по 1:0 поразот од Белгија, Германците загубија со 2:0 од Англија, додека најмногу болеше поразот на Франција, која на пенали беше елиминирана од Швајцарија иако водеше со 3:1 во последните 10 минути од мечот.