Селекторот на Англија, Герет Саутгејт размислува да поднесе оставка по елиминацијата од Светското првенство, пренесува „Скај спорт“.
„Ваквите турнири ви одземаат многу и сега ми треба многу време да размислам за се. После секое натпреварување така работевме, така ќе биде и сега“, изјави Саутгејт, а потоа додаде.
„Не сакам да поминат четири или пет месеци и да сфатам дека направив грешка. Затоа морам да ја анализирам нашата работа и да видам до каде сме“.
Саутгејт има договор со Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) до 2024 година, што значи до крајот на следното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија.
„Скај спорт“ и покрај можноста да поднесе оставка, не верува дека Саутгејт ќе го направи тоа.
„Тешко е да се поверува дека сега селекторот ќе поднесе оставка, бидејќи никој од ФА не побара да го направи тоа. Тука станува збор за протоколарно однесување, што е во духот на англиската традиција“.