Ото Адо потврди дека веќе нема да биде селектор на репрезентацијата на Гана, која заврши на последното место во групата Х.
Адо е четвртиот селектор кој ја напушта клупата на својата репрезентација по испаѓањето во групната фаза. Тоа претходно го направија Роберто Мартинез (Белгија), Карлос Квеирош (Иран) и Херардо Мартино (Мексико).
„Јасно кажав и претходно дека си одам после Светско првенство. Тоа ќе се случеше дури и да станевме шампиони. Моментално јас и моето семејство ја гледаме нашата иднина во Германија. Ми се допаѓа улогата што ја имам во Дортмунд”, изјави Ото Адо, кој работи како скаут за таленти во Борусија.