Top Sport

Семејството на Меси ќе живее во замок покрај Париз?

Лионел Меси не сака неговото семејство да живее во хотел и неговата сопруга Антонела го пронашла вистинското место за новиот дом во Франција – замок покрај Париз, кој вреди 50 милиони евра и во кој во минатото престојувал Шарл де Гол, тврдат француските медиуми.

34-годишниот Меси, со сопругата и трите деца живее во хотелот „Ројал Монсо“ во Париз, каде што честопати се сместени фудбалерите на ПСЖ кога ќе пристигнат во клубот, но Аргентинецот не сака неговото семејство да биде „затворено“ во хотелска соба.

Иако, секако, не се работи за голем француски замок налик на Версај, замокот во Ле Весине во близината на Париз нуди доволно луксуз. Замокот е изграден во 1899 година, има фантастични 30 соби, внатрешен базен, домашно кино, теретана, огромна гаража и терен за сквош. Според француските медиуми Антонела веќе го „пикирала“ замокот, но конечната одлука ќе биде донесена кога Меси ќе го посети замокот.

 

Scroll to Top