Top Sport

Шакира и Пике седум месеци го договарале старателството на нивните деца

Рамон Тамбореро, семејниот адвокат на Жерард Пике во интервју за шпанскиот весник „Ла вангардија“ открива детали на седуммесечната битка за старателство на децата на Пике и колумбиската поп-дива, Шакира по нивната разделба по 12 години.

Шакира и Пике се разделија по тврдењата дека поранешниот фудбалер на Барселона ја мамел пејачката, што се докажа кога тој ја официјализираше врската со младата девојка која работи во неговата компанија „Космос“. Тие беа вклучени во легална битка за своите синови Милан и Саша.

„На крајот, двајцата покажаа голема интелигенција. Направија многу за доброто на своите деца, кои не беа дел од овие преговори. Договорот беше комплексен и вклучуваше многу средби. Последниот одлучувачки состанок по кој се потпиша договорот траеше 13 часа“, открива Тамбореро.

Конечната одлука е Шакира и нејзините деца да се преселат во Мајами, додека Пике добива дозвола да ги посетува синовите десет дена секој мессец.

Scroll to Top