Францускиот првак ПСЖ преговара со Сасуоло за напаѓачот Џанлука Скамака. Новиот тренер Кристоф Галтие посакува ново име во нападот, со оглед дека Мауро Икарди наскоро ќе го напушти Париз.
Французите нудат 40 милиони евра, но раководството на Сасуоло бараат десет милиони евра повеќе. Преговорите се во завршна фаза и јасно дека на крајот ќе биде најдено решение за реализација на трансферот.
Медиумите во Италија најавуваат дека Скамака до почетокот на идната седмица би требало да стане играч на ПСЖ.