Сопругата на голманот на аргентинската репрезентација Серхио Ромеро „крена прашина“ во јавноста, откако ги демантираше информациите на националниот сојуз, дека голманот поради тешка повреда нема да биде дел од тимот, што ќе настапи на Светското првенство во Русија.
Елиана Гуерико, на социјалните мрежи објави, дека невистините се информациите за повредата на нејзиниот сопруг и дека тој ќе биде подготвен за почетокот на мундијалот.
„Лекарите му кажаа дека ќе игра на СП. Рехабилитацијата од повредата ќе трае најмногу две недели. Многумина сакаа да го избркаат од репрезентацијата, меѓутоа тој вредно работи и ќе биде подготвен за првиот меч против Исланд. Не знам зошто им пречи на некои луѓе. Рекоа дека скршил нешто. Уморни сме од нивните лаги“, рекла Елиана и дополнила.
„Не разбирам зошто лажат. Воопшто не се информирани што се случува, кукавици се оние што се обидуваат да го тргнат од репрезентацијата. Тој ќе игра на мундијалот, само тоа можам да ви го кажам. Нема да дозволам лагите да го избркаат од репрезентацијата“.