Top Sport

Стара „болка“ – Виера одби да го допре дресот на Кин и посочи дека тој бил многу подобар играч

Легендарниот поранешен капитен на Арсенал, а сега менаџер на Кристал палас, Патрик Виера одби да го допре дресот на својот стар ривал, екскапитенот Рој Кин, инсистирајќи дека тој бил далеку подобриот фудбалер во класичната битка.

На крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, доминацијата на Манчестер јунајтед во Премиерлигата беше предизвикана токму од „топчиите“, носејќи класични битки на „Хајбери“ и „Олд Трафорд“, најпрепознатливо во 2005 година, кога Кин се обиде да се пресмета со Виера во тунелот пред стартот на дербито.

Оттогаш, двајцата ја „закопаа воената секира“ и дури се појавија во специјален документарец, но сега во Јутјуб серијата „Што носев“ на „БТ спорт“, Виера се отвори за ривалството.

„Од првиот меч, знаев дека ќе не очекува битк во секој натпревар. Го сакав начинот на кој се однесуваше на теренот, имаше голем респект и тој беше лидер, капитен, некој кој го водеше тимот на повисоко ниво. Го почитував како капитен и знаев дека ќе има големи битки. Но, јас бев многу подобар фубалер да. Многу подобар. Ја ставив раката в џеб бидејќи не сакам да го допрам дресот. Тие беа најдобриот тим, тимот кој требаше да се победи, моравме да бидеме над Јунајтед. Не го сакам зборот омраза, но за нас тоа беше љубов и омраза“, вели Виера.

Scroll to Top