Рахим Стерлинг нема да игра за Англија против Црна Гора. Крлиниот напаѓач е отстранет од репрезентацијата бидејќи се обидел да се пресмета со репрезентативниот колега, инаку играч на Ливерпул Џо Гомез.
Англиските медиуми објавија детали од она што се случувало на првиот собир на репрезентацијата. Според нив Стерлинг ги лечев фрустрациите од неделното дерби во кое Ливерпул го порази Манчестер сити со 3:1.
Во финишот на тој меч Стерлинг и Гомез имаа блиска средба, која ја средија нивните соиграчи судијата Мајкл Оливер.
Стерлинг го нападнал Гомез кој тргнал да се поздрави. Играчот на Сити го фатил за гуша Гомез. Останатите репрезентативци најпрвин мислеле дека се работи за шега, но по неколку секунди им станало јасно дека Стерлинг е сериозен во намерата да се пресмета со Гомез и спречиле многу посериозен инцидент.
Селекторот на Англија Герет Саутгејт веднаш применил воспитна мерка за напаѓачот на Сити, за да ги смири страстите го отстранил од националниот тим.
„По дербито емоциите беа толку силни. Такви ситуации знаат да ме совладаат. Џо и јас сме добри пријатели, добро се разбираме. Тоа траеше пет до 10 секунди. Сега тоа е зад нас. Нема да ја правиме работата поголема од она што е“, рекол Стерлинг.
Инаку Стерлинг нема да игра против Црна Гора, а селекторот Саутгејт дополнително ќе се изјасни дали ќе го повика за мечот со Косово (17 ноември).