Замбискиот фудбалски судија, Џани Сиказве, кој вчера приреди нешто неверојатно на Африканскиот куп на нации кога двапати предвреме означи крај на мечот помеѓу Тунис и Мали, завршил во болница поради топлотен удар и дехидрирање за време на мечот, објавија локалните медиуми.
Тунис побара мечот, во кој загубија со 0:1 од Мали да биде преигран, откако Сиказве прво означи крај на мечот во 85. минута, а потоа откако го продолжи мечот го прекрати 17 секунди пред крајот на 90-тата минута.
Според Египќанецот, Есам Абдел-Фатах, одговорниот за судии на АФЦОН, Сиказве имал топлотен удар и бил сериозно дехидриран по што завршил во болницата во Лимбе, Камерун. Температурата во текот на мечот беше 34 степени, со огромна влажност на воздухот.
„Судијата страдаше од топлотен удар и многу сериозна дехидрација, по што го загубил фокусот и заврши во болница. Затоа се случија предвремените означувања на крајот. Кога се случи кризата, тој ја загуби контролата и требаше четвртиот судија да го преземе мечот, но еден од двете репрезентации го одби тоа“, вели Абдел-Фатах.
Луд скандал на Африканскиот куп – судијата прогласи крај во 85. минута, па во 89. минута!