Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски
Дојде денот за мегдан. Палермо од утрово е обоен во боите на Италија и на Македонија. Развиорени македонски знамиња, ечи македонска песна, се навива…Атмосферата се загрева во пресрет на вечерашниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство.
Се разбира, Италијанците се на домашен терен и ги има повеќе низ улиците на Палермо. И тие пејат на цел глас, вејат знамиња, облечени во познатите сини дресови на националниот тим.