Тотенхем стигна до импресивна 2:0 победа над Манчестер сити во меч одбележан со ВАР-скандал, црвен картон и многу емоции на двете страни. Резултатот значи дека Ливерпул сега му беа апсолутно неверојатни 22 поени на Сити, додека Тотенхем се проби на петтото место на табелата со четири поени зад Челси.
Мечот започна со многу контроверзи, откако Рахим Стерлинг не доби црвен картон за еден груб старт и покрај ВАР-проверката, додека системот за електронска помош на судиите беше во центарот на вниманието при крајот на полувремето, кога судијата Мајк Дин досуди пенал за гостите три минути откако беше направен фаулот над Серхио Агуеро. Сепак, ударот на Илкај Гундоган заврши само во рацете на Иго Љорис (повеќе за ситуацијата во линкот подолу).
Мечот се „сврте“ кога Олександер Зинченко доби втор жолт картон во 60. минута, оставајќи го тимот на Пеп Гвардиола со играч помалку, а само три минути подоцна, Стивен Бергвајн, напаѓачот кој дојде од ПСВ Ајндховен во зимскиот преоден рок, со убаво свртување постигна гол за водство на „светците“.
Точка на натпреварот и крај на надежите за камбек на Сити дојде во 71. минута, кога ударот на Хеунг Сон-Мин беше пренасочен и Тотенхем имаа 2:0 водство.
Неверојатна ВАР-фарса на Тотенхем-Сити, Мурињо со фантастична реакција (видео)