Top Sport

Трајковски стрелец за Ал Фејха

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски игра во одлична форма во првенството на Саудиска Арабија. Тој втор натпревар по ред е стрелец за својот тим Ал Фејха.

Трајковски донесе водство од 0:1 на гости против Ал Тавон, но домаќинот израмни во последните мигови од дуелот (1:1) преку Кадеш.

По ова реми, Ал Фејха се наоѓа на десеттата позиција на табелата со 20 бода. Лидер е Ал-Наср на Кристијано Роналдо со 40 бода, колку што има и Ал-Итихад.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');