Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски го постигна 15. гол на Кипар оваа сезона во новата победа (2-0) на АЕК Ларнака против Пафос со 2-0.
Тричковски стрелаше во 25-та минута и го удвои водството на тимот, откако Ѓуршо претходно донесе предност.
Тричковски оваа сезона е избран и во идеалниот тим на првенството на Кипар.