Top Sport

Тричковски во тимот на сезоната на Кипар

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски доби уште една престижна награда на Кипар. Тој повторно е избран во тимот на сезоната во кипарското првенство.

Тричковски и оваа сезона беше одличен во дресот на АЕК Ларнака, постигна 14 гола на 29 натпревари потврди дека е можеби и најдобриот странски фудбалер кој воопшто играл во првенството на Кипар.

Во минатото Тричковски со успех го носеше и дресот на АПОЕЛ, а во последните шест сезони е лидер во тимот на АЕК Ларнака.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');