Top Sport

Тухел: Изедов многу чоколадо за да се смирам по поразот од Реал Мадрид

Фудбалерите на Челси беа убедливо поразени на „Стемфорд Бриџ“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, губејќи со 1:3. Овој пораз беше тежок за сите во клубот, a особено за менаџерот Томас Тухел. Во пресрет на денешниот дуел со Саутемптон во Премиер – лигата, германскиот стручњак имаше неколку непроспиени ноќи.

„Седев во собата цела ноќ и јадев многу чоколадо за да можам повторно да го поминам целиот натпревар и да го неутрализирам стресот. Го гледав видеото од мечот и на секоја грешка, одев во кујната да донесам уште чоколадо. Верувам дека ќе бидеме многу подобри веќе против Саутемптон“, изјави Томас Тухел.

Европскиот првак Челси денеска го очекува гостување на стадионот „Сент Мери“, а три дена подоцна и гостување на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Scroll to Top