УЕФА отвори дисциплинската постапка против Англија поради инцидентите кои се случиле пред, во текот и по завршувањето на финалниот натпревар Италија-Англија. УЕФА, веќе именувале инспектор кој ќе го истружува случајот.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се товари за инциденти при интонирањето на италијанската химна, влегување на публиката на теренот, фрлање на предмети кон играчите и користење на пиротехника.
Бројни навивачи се обидоа да влезат без билети, тие имаа жестоки пресметки со редарите, обезбедувањето и полицијата.
На стадионот Вембли беа регистрирани тепачки, а инциденти имало и по завршувањето на натпреварот во кој Италија ја победи Англија.
УЕФА, веќе ја казни ФА со 30.000 евра, за пропустите што беа направени во полу-финалето против Данска.