Артуро Видал во својата кариера освојуваше титули со Јувентус, Баерн Минхен и Барселона, но чилеанскиот фудбалер сигурно жали за „фалбаџиството“ пред четврт-финалето на ЛШ помеѓу Барселона и Баерн, во кое неговиот тим доживеа катастрофален пораз од 8:2.
Видал пред мечот ги предупреди поранешните соиграчи од баварскиот клуб дека Барселона не е „некој стар бундеслигаш“ и дека е потребно многу повеќе да се победи ривал со такво реноме.
Петочното фијаско очигледно му падна лошо на Видал, а неговата реакција по еден од осумте голови на ривалите кажува многу.
This is heartbreaking … pic.twitter.com/jVLBWMW62l
— Goal Digger (@GoalDiggerFCB) August 15, 2020
Видал: Баерн треба да знаат дека играат со Барса, а не со некој стар бундеслигаш