Името на поранешниот шкотски фудбалер Данкан Фергусон неочекувно стана вирално на Твитер, откако еден фан на ексфудбалерот на Евертон направи видео-компилација од неговите тепачки на фудбалскиот терен.
Фергусон, кој поголемиот дел од кариерата го помина во Евертон, во видеото е во конфликт со Мартин Кион, Џејми Карагер, но и неговиот сонародник, Дарен Флечер.
Интересно, заедно со Ричард Дан и Патрик Виера, Фергусон е рекордер во Премиерлигата со осум црвени картони во кариерата.
Претходно, кога играше за Ренџерс во Шкотската Премиерлига, тој доби затворска казна од три месеци откако со глава го удри Џон Мекстеј од Реит роверс. Тој помина 44 дена во затвор, и доби суспензија од 12 меча.
Duncan Ferguson is a legend? pic.twitter.com/KZcGv6Daro
— Ross McCulloch (@Rossmac212) August 6, 2022
„Велат дека Рој Кин бил опасен, а тој се плашаше од Фергусон“
Анчелоти се плашеше од прославата на лудиот Данкан Фергусон!