Top Sport

Вождовац доведе младински репрезентативец на Македонија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Владан Новевски, потпиша договор со српскиот суперлигаш Вождовац. Тој стави потпис на верност до 2025 година.

Фудбалерот од средниот ред ја мина фудбалската школа на Војводина, а сега прифати преселба во редовите на Вождовац.

„Со ангажманот на Новевски, Вождовац како клуб продолжува со праксата на доведување млади и перспективни играчи. Се работи за фудбалер кој има исклучително квалитетни досегашни настапи, и на клупски и на репрезентативен план, па токму поради тоа сме пресреќни со неговиот ангажман“, истакна спортскиот директор на Вождовац, Бојан Леонтијевиќ.

Владан Новевски очекува да направи чекор напред со потписот во Вождовац.

„Го избрав овој клуб затоа што е навистина одлична средина, низ квалитетна работа и силни натпревари, да се афирмирам дополнително и стекнам искуство за натамошен фудбалски развој“, истакна Новевски.

Scroll to Top