На 17-годишнината од стартувањето на популарниот вебсајт за видеа, Јутјуб, дел од фудбалските фанови ги потсетија сите дека славниот бразилски ас, Роналдињо бил првиот човек кој го „скршил“ Интернетот со над 1 милион прегледи на платформата.
Во 2005 година, „Најк“ направија фантастична работа ангажирајќи го Роналдињо за промоција на нивните нови копачки „Најк Тиемпо“, со видео во кое Бразилецот прави работи кои се невозможни (и подоцна предизвикаа дискусија околу веродостојноста).
Успехот е уште позначаен бидејќи тоа е во „ерата“ пред Фејсбук, Твитер и другите социјални мрежи.