Кристијан Ериксен, фудбалерот кој се надеваше дека овој месеци ќе го заврши кошмарот во Интер и ќе најде нов клуб, на крајот беше херојот на „нераѕурите“ во бурната 2:1 победа над Милан во четврт-финалето на Копа Италија со прекрасен гол во 97. минута од мечот.
Претходно, „Дерби дела мадонина“ беше во знакот на Златан Ибрахимовиќ, откако Швеѓанецот прво во 31. минута да ги донесе „росонерите“ во водство, за во финишот на полувремето да влезе во остра и контроверзна расправија со Ромелу Лукаку (за која двајцата имаа среќа што завршија само со жолт картон).
Во 58. минута, Златан повторно во елемент – овојпат по фаулот над Александар Коларов, тој доби втор жолт картон и ги остави „росонерите“ со играч помалку. Во 71. минута, пенал за Интер, кој со малку среќа го реализира токму Лукаку.
Кога се сметаше дека мечот оди во продолженија, на сцена стапи Ериксен, фудбалер кој влезе во 88. минута, од слободен удар постигнувајќи го најзначајниот гол за „нераѕурите“.
CHRISTIAN ERIKSEN GOAL TO WIN THE GAME OH MYYYYYY pic.twitter.com/Ta4JOOpcZ5
— thomas (@FClMthomas) January 26, 2021
Ибра направи сè во дербито – постигна гол, ќе се тепаше со Лукаку и доби црвен картон!