Златан Ибрахимовиќ ја искористи посетата на Рим да отиде на средба со папата Франциск во Ватикан, одбележувајќи го ова со пост на социјалните мрежи со порака „Мир и љубов“.
Според „Ла газета дело спорт“, Швеѓанецот му донел подарок на предводникот на католичката христијанска црква.
„Ви донесов нешто што сакав да ви го дадам лично. Ова е дел од мојата приказна, опис на мојот живот“, му кажал Златан на папата подарувајќи му ја автобиографијата „Адреналин“.
Папата му вратил на Златан со подарок на книгата „Спортот според папата Франциск“, а Златан му подарил и потпишан дрес од Милан.
„Дали ги сакате Милан? Со овој дрес правам малку магија на теренот“, порачал Ибрахимовиќ.
View this post on Instagram