Eргин Атаман ќе биде нов тренер на Панатинаикос од следната сезона. Тоа го потврди првиот човек на грчкиот гигант, Димитрис Јанакопулос.
„Добредојде“, напиша Јанакопулос на Инстаграм, објавувајќи заедничка фотографија со Атаман.
Турскиот стратег освои две титули во низа во Евролигата со тимот на Анадолу Ефес, но оваа сезона не успеа да се пласира ниту во разигрувањето на најквалитетното европско клупско натпреварување.