Top Sport

Билан за КК Црвена звезда: Како почнаа, ќе го земат и Кристијано Роналдо

Една од вестите на денот во европската кошарка се однесува на речиси сигурното заминување на Акиле Полонара од европскиот шампион Анадолу Ефес. Виртус и особено Макаби изразија интерес за италијанскиот репрезентативец, а дел од италијанските медиуми објавија неофицијални информации дека интерес за Полонара поакжува и Црвена звезда.

Оваа информација на Твитер ја коментираше хрватскиот центар Миро Билан, кој настапува за грчкиот клуб Перистери.

„Како што почнаа, ќе го земат и Кристијано Роналдо до крајот на преодниот рок“, твитна искусниот центар, алудирајќи на тоа дека црвено-белите се засилија најпрвин со Лука Вилдоса, а потоа и со Факундо Кампаза.

Билан, долгогодишниот хрватски репрезентативец во својата професионална кариера, во два наврати играше и за Шибеник, Задар, Цедевита, Стразбур, Асвел, Динамо Сасари и Прометеј.

Црвено-белите играат фантастично откако го презеде Душко Ивановиќ и победија на седум од претходните осум натпревари во Евролигата.

 

Scroll to Top