Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ беше казнет со 15.000 долари од НБА лигата откако со топката го погоди судијата во нога во текот на шестиот меч против Лос Анџелес клиперс.
Инциентот се случи во третата четвртина од неделниот натпревар, кога му беше досуден фаул во напад по што ја фрли топката до судијата која го погоди во ногата. Тој доби техничка лична грешка иако Словенецот протестираше, и НБА лигата очигледно има свој поглед на интересот.
Дончиќ имаше 42 минути во мечот со 38 поени, но тоа не беше доволно за Мавс да избегнат елиминација откако Клиперс со 111:97 ја завршија серијата со 4:2 победа. Ова беше прв пласман на Далас во плејофот од 2016 година.