Џошуа Вонг, еден од лидерите на продемократските протести во Хонгконг го нарече НБА великанот Леброн Џејмс лицемер откако „Кралот“ ги поддржа протестите на „Black Lives Matter“, но никогаш не ја нападна Кина за прекршувањето на човековите права за да не ги загуби милионите кои ги заработува.
„Одбраната на демократијата е клучно, но Џејмс зборува гласно во САД. За Кина, не само што е тивок, туку и активно ги замолчува другите. Него му е грижа само за парите, не за човековите права. Лицемерно“, напиша Вонг на Твитер.
23-годишниот Вонг е студентски активист кој стана познат во 2014 година во протестите во полу-автономниот кинески град кои се разгореа минатата година. Џејмс минатиот октомври реши да се вмеша во конфликтот на НБА лигата со Кина кога генералниот менаџер на Хјустон рокитс, Дарил Мори ги поддрша протестите. Џејмс изјави дека Мори е „неинформиран“ за ситуацијата.
Defending democracy is vital, but @KingJames only talks loud in the US. On China, not only is he silent, he actively shuts others up. He called @dmorey “misinformed” and “not really educated” for supporting #HongKong. All he cares about is money, not human rights. Hypocritical. https://t.co/vxVMWIjsjY
— Joshua Wong 黃之鋒 ? (@joshuawongcf) June 11, 2020