НБА-легендата, Меџик Џонсон се наоѓа на летување во Хрватска, откако заедно со неговото семејство пристигна во Сплит во мега-јахтата „Аквила“ долга дури 86 метри.
Хрватските медиуми објавуват дека 60-годишниот Џонсон крстари низ Јадранот и ќе помине една вечер во Сплит, каде што локалните жители го искористија неговото присуство за да добијат автограм и фотографија од славниот кошаркар.
Џонсон беше дел од славната генерација на Лос Анџелес лејкерс од 1979 до 1991 година, освојувајќи пет НБА титули (1980, 1982, 1985, 1987 и 1988).
Magic Johnson stigao u Split: Nalazi se na jahti od 86 metara!https://t.co/zWX3MQSNYF pic.twitter.com/pToyAMkR3i
— 24sata (@24sata_HR) August 2, 2020