Американскиот лизгач Тимоти Ледук ќе влезе во историјата како првиот небинарен спортист на Олимписките Игри, откако се квалификуваше за Игрите во Пекинг.
Покрај својата партнерка Ешли Кејн-Грибл, Ледук ќе учествува во уметничко лизгање двојки со победа на американскиот шампионат во Нешвил. Ледук се идентификува со род надвор од бинарниот систем (машко-женско).
31-годишниот Ледук, кој стана првиот геј маж кој ја освоил американската титула во 2019 со Кејн-Грибл, од минатата година почна да ги користи личните заменки „тие“. Ледук ќе биде првиот небинарен спортист на Зимска Олимпијада, откако канадската фудбалерка Квин беше првата трансродова спортистка која осови злато со својата репрезентација на ОИ во Токио во 2021 година.