Казахстанскиот тенисер Александер Бублик направи бизарно шоу на Мастерсот во Монте Карло, каде што имаше чудно откажување од мечот против Шпанецот Пабло Карењо Буста.
36-рангираниот Бублик го елиминираше Стен Вавринка на турнирот, по што бизарно изјави дека има „омраза“ кон земјените терени, но тоа не беше ништо од случувањата на мечот со Карењо Буста.
24-годишниот Бублик имаше одличен старт на мечот, пред да има три бизарни сервиси „под рака“, за да сервира за победа при 6:4/5:4, пред Карењо Буста да израмни во тај-брејк. Во одлучувачкиот сет, кога почна да губи со 3:4, Бублик по една двојна сервис грешка, отиде кај судијата и го предаде мечот.
Once again ? this time Alexander Bublik retired after hitting a doublefault vs Pablo Carreño Busta in 3rd set. No physio requested https://t.co/2oZi1iV1SU pic.twitter.com/XK4TGoDRtd
— NoFirstName claycourtdal (@SMSTNS) April 13, 2022