Зад откажувањето на доделувањето на медалите во тимското натпреварување во уметничко лизгање е позитивен тест на тинејџерската сензација Камила Валиева, тврдат британските медиуми.
Организаторите на Олимпијадата решија да ја откажат церемонијата на која Русите требаше да го добијат златото поради „правен проблем“, иако всушност се работи за позитивен тест на 15-годишната тинејџерка во примерок земен пред Олимпијадата, по што таа ризикува да биде исфрлена од Игрите, а Русите да го загубат златото.
Според „Гардијан“, церемонијата била откажана поради позитивен тест на супстанција која не ги подобрува перформансите, најверојатно средство за срце, а бидејќи Валиева има само 15 години, нејзиниот идентитет не смее да се објавува според Светскиот анти-допинг код.
Скандалот го предизвика и официјалниот портпарол на Кремљ, Дмитри Песков да побара итен одговор од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).
Русите не го добија олимпиското злато – Церемонијата е одложена поради „правен проблем“
Историски скок на Валиева – Русија го освои тимското злато во уметничко лизгање