Top Sport

Ѓорческа одлично го почна турнирот во Копер

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари сигурен триумф во првото коло на ИТФ турнирот во Копер, Словенија. Таа беше подобра од Тимеа Тарушкова и победи со 2:0 во сетови.

Ѓорческа за само еден час и четири минути ја елиминира тенисерката од Словачка откако двата сета ги доби идентилно, со 6:2 во гемови.

Лина Ѓорческа не е меѓу носителките на турнирот и веќе во втората рунда може да се судри со првата фаворитка за трофејот, Клои Паке од Франција која е рангирана на 101. место на ВТА листата. Таа во првото коло игра со Буриљо Ескорихуела и ако ја оправда фаворитската улога ќе налета токму на Лина Ѓорческа.

Scroll to Top