Романската тенисерка Симона Халеп без загубен сет се пласираше во полуфиналето на Вимблдон. Романката во четвртфиналето ја совлада американската тенисерка Аманда Анисимова со 6-2, 6-4.
Eлена Рибакина во четвртфиналната пресметка беше подобра од Австралијката Ајла Томљановиќ со 2-1 во сетови (6-4, 2-6, 6-3).
Првото полуфинале го сочинуваат Онс Жабер и Татјана Марија.